Кога Европскиот парламент ќе ја избере Комисијата, таа треба формално да биде назначена од Европскиот совет со квалификувано мнозинство
Пратениците на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за одобрување на новиот состав на Европската комисија на чело со нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен.
За да се потврди новата Комисија, неопходна е таа да добие поддршка од мнозинството гласови дадени во Европскиот парламент (ЕП).

Пред да гласаат, европратениците ќе учествуваат во дебата со Фон дер Лајен за нејзиниот нов тим од 26 комесари, како и за програмата на Комисијата.
Претседателот на Европската комисија по гласањето ќе одржи прес-конференција заедно со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Претходно сите кандидати за комесари на ЕП, меѓу кои и кандидатката за еврокомесар за проширување Марта Кос и кандидатката за висок претставник на ЕУ за надворешни раб оти и безбедносна политика Каја Калас, се сослушани пред надлежните комисии на ЕП на 4 и 12 ноември, по што пратениците оценија дека се подобни за тие позиции и се способни за вршење на должности поврзани со нивните ресори.
Кога Европската парламент ќе ја избере Комисијата, таа треба формално да биде назначена од Европскиот совет со квалификувано мнозинство.
Новата Европска комисија се очекува да стапи на функција на 1 декември 2024 година.