Вести Македонија

Алтернатива против влегување на Алијанса во Владата

Лидерската средба Ковачевски-Ахмети-Гаши не го убеди лидерот на Алтернатива да се согласи на проширување на владината коалиција. Тој одбива да отстапи некоја од министерските или директорските позиции за партијата на Арбен Таравари.

Од Алтернатива потврдуваат дека нивниот претседател Африм Гаши деновиве имал средба со претседателите на најголемите владеачки партии, Димитар Ковачевски и Али Ахмети. Тие го претставиле предлогот Алијанса да влезе во Владата. Се согласиле дека тоа нема да го зголеми бројот на пратеници кои поддржуваат уставни измени, но го уверувале дека ќе придонесе за стабилизирање на собраниското мнозинство.

Нашите извори говорат дека Гаши им порачал партијата која има внатрешни проблеми и не може да ја контролира пратеничката група, треба да отстапи од своите кадровски позиции, мислејќи на ДУИ. Непостигнатиот договор ќе поттикне нови средби меѓу тројцата лидери.

Продолжуваат владините контакти и со Алијанса. Претседателството на партијата утре ќе одлучува за формирање Преговарачки тим со Владата. Во саботата, Централното Собрание даде овластување новоформираното тело да одлучи под кои услови би станале дел од извршната власт. Претседателот Таравари демантира дека на маса се министерствата за правда и здравство.

Последните месеци, во Собранието се чувствува проблемот со кворумот. Минималното мнозинство од 64 пратеници е дополнително атакувано со нередовно присуство на групата „Огнени“, но и на независните пратеници. Ако Алијанса влезе, а никој не излезе, Владата ќе ја поддржуваат 72-ца пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Блинкен со јасен став за нападот на Иран врз Израел

Дејан Дејан

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе