Вечер на улиците во Милано може да биде жешко, полицијата не верува дека ќе има нереди

Интер е во ситуација вечерва во директен дуел со градскиот ривал Милан да ја обезбеди титулата првак на Италија за оваа сезона, а тоа може да значи и многу работа за полицијата.

Ако Интер победи, јасно е дека ќе има прослава на улиците во Милано, а тоа нема да им биде мило на фановите на Росонерите, кои ќе бидат во огромен број на трибините на „Сан Сиро“ и може да има нереди. Теоретски, ова е буре барут што може да експлодира.

Сепак, полицијата е уверена дека нема да има проблеми со публиката поради еден договор од 1981 година. По смртта на 21-годишниот навивач на Интер, Виторе Палмиери, водачите на навивачките групи на Интер и на Милан потпишаа пакт за ненапаѓање.

Ниту една страна не сака да се повтори ова крвопролевање, па потпишаа пакт кој важи до ден-денес. Навивачите на двата ривалски клуба можат да се исмеваат едни со други, па и да се навредуваат, но нема насилство.

- Оглас -

Најнови вести