Баерн напаѓа, Реал води по првото полувреме (Видео)

Реал Мадрид води на „Алијанц арената“ во Минхен со 1:0 против Баерн по првото полувреме од првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Баварците тргнаа офанзизвно од првата минута, создадоа неколку шанси, но не успеаја да го совладаат Андриј Лунин. Украинецот на голот на Реал уште во првиот напад го одбрани шутот на Лерој Сане, потоа го запре и ударот на Хари Кејн.

Во моментите кога играчите на Баерн доминираа на теренот, Винисиус жуниор во 24-тата минута ја замолкна „Алијанц арената“. По одличното додавање на Тони Крос, Бразилецот изби сам пред голманот на Баерн, Мануел Нојер и ја смести топката во мрежата.

До крајот на првиот дел, Хари Кејн се обиде од слободен удар, но неговиот шут заврши покрај голот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести