Приватниците со 300 лица утре ќе ја блокираат раскрсницата кај Мавровка

од Nikola Popovski

Приватните превозници утре со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица, ќе ја блокираат крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“, поради долгот што не им исплатен од ЈСП Скопје.

– Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокираат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, најавуваат од „Слобода превоз“.

Oд таму најавија дека претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на утрешната седница на Советот на Град Скопје.

Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски во петокот го истакна своето задоволство што имале средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје.

Приватните превозници нема да продолжат да возат, рече Јовановски, се додека не им се исплатат средствата кои им се должат.

-Одлуките за протести на улица и формите ги донесуваат приватните превозници кои се директни чинители. Ќе им пренесеме на координаторите и тие ќе одлучуваат понатаму кои ќе бидат формите на протести во наредниот перидо. Вер уверувам дека нема да вршат превоз се додека не добијат средства за да можат да го вршат превозот, порача директорот на „Слобода превоз“.

Градоначалничката Данела Арсовска ги обвини приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ дека од крајот на 2017 до денес немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во приватните автобуси, иако пријавувале дека возеле околу 400 илјади километри на месец и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар кој што го фактурирале до ЈСП.

-Ние излеговме со картички кои што ги докажуваат и покажуваат дека во изминатите месеци како редовно согласно утврдената динамика која што ја имаат со договорот кој го имаат склучено со ЈСП тие нивни фактури си биле исплаќани, понатаму од „Слобода превоз и од „Макекспрес“ на кој начин им ги распределувале средствата на приватните превозници и дали им се плаќале и во која мера ние увид немаме. Со тоа ќе треба да се бават надлежните институции, кажа Арсовска.

Денеска е веќе седум дена како не сообраќаат приватните превозници на скопските улици.

Слични содржини