еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку чини изнајмувањето станови во Скопје и туристичките места

Издавањето на станови во Македонија станува прилично профитабилен и стабилен бизнис како за приватни лица, така и за агенции кои се насочени во таа сфера, покажува анализата на Пазар3.

„При анкетирањето на многу испитаници во изјавите на тема cени на станови за издавање, се доаѓа до заклучок дека становите кои се издаваат од агенции се со делумно повисока цена за разлика од становите кои се издаваат од приватни лица.

Но, разликата на цена има своја улога и позитивни и негативни страни. За огромниот број на луѓе кои бараат сместување, било за краткорочен или долгорочен престој, изборот помеѓу агенција за изнајмување на станови и приватни лица кои изнајмуваат свои имоти може да биде предизвикувачки.

Со текот на времето во Македонија се повеќе расте потребата за удобно, сигурно и високо квалитетно сместување. Сепак, разликите меѓу агенциите за изнајмување на станови и приватните изнајмувачи се важни, бидејќи секоја од опциите има свои предности и предизвици,” се вели во анализата.

Во неа се додава дека позитивни страни за лицата кои бараат станови за издавање од агенции за недвижности се поголема сигурност, подобро објаснети услови, детално и концизно со договор, плаќање по легални и службени патишта.

Негативни страни пак се скоро и никоја агенција не издава станови за еден ден, издавањето се одвива исклучиво за една недела или подолг период, со делумно повисока цена од индивидуалните изнајмувачи на станови.

Изнајмување на станови во Скопје

Скопје е едно од топ 3 места каде што има најголема побарувачка за изнајмување на станови за краток и на подолг период. Причината за таа заинтересираност е големата понуда на работни позиции, голем број на манифестации, концерти и секако побарувачката од студенти кои се најактивни во периодот од септември до јуни.

Цените во Скопје се делумно повисоки во однос на другите градови, тие се движат од 250 евра па до 500 евра месечно.

Изнајмување на станови во Охрид

Во Охрид покрај долгорочното изнајмување попознато е краткорочното изнајмување од 10-15 дена од страна на туристите.

Цените во Охрид во споредба со Преспа и Дојран се делумно повисоки и претежно се однесуваат на дневна база. Тие се движат од 25 евра па нагоре во зависност од луксузот, близината на езерото, поглед и многу други фактори.

Изнајмување на апартмани/соби во Маврово

Една од најатрактивните дестинации во Македонија е и Маврово. Најатрактивен период за Маврово е нормално зимскиот период со снежните пејзажи, но не треба да се исклучи можноста и за одмор во пролетниот дел за време на првомајските празници каде што изобилува убавината на природата и нејзиното зеленило.

Цените за изнајмување се движат од 20 евра на ден па нагоре во зависност од услугите, позицијата и луксузот во самиот апартман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

Владата ќе преговара со Грција околу изградба на гасовод меѓу двете земји

Редакција

Пекабеско лани со намалена добивка

Редакција