Скопје

(Фото) Малолетник го возел мотоциклот на Партизанска: две лица се во болница

На 28.04.2024 околу 15,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.З.(22) од Скопје.

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле мотоциклистот и И.З.(29), сопатничка во патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

На почеток