„Голем ден за Косово“: Албин Курти по усвојувањето на предлогот за прием на Косово во Советот на Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одличен ден за Косово по гласањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа да ја прифати нашата апликација за членство во Советот на Европа, објави на социјалната мрежа косовскиот премиер Албин Курти.

Ова е официјална поддршка за успехот на нашата земја кога се во прашање човековите права, демократијата и владеењето на правото и уште еден чекор поблиску до полноправно членство во Советот на Европа, рече Курти.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека во дебатата се слушнал гласот на Европејците и оти Косово има само уште еден чекор до полноправно членство.

Благодарност до секој член на ПССЕ кој гласаше за членството на Косово во СЕ. Голема благодарност до нашата делегација и сите кои континуирано го поддржуваат народот на Косово, напиша Османи на Х.