Ајакс не доживеал вакво нешто над половина век, сметката ја плати тренерот

Ајакс го смени тренерот Алфред Шрудер по ремито 1:1 против Волендам вчера, во меч од 18-тото коло во холандската Прва лига.

Ајакс беше огромен фаворит, но наместо победа, се спасуваше од пораз со голот на Кудус во 80-тата минута, недоволно за Шрудер да се спаси.

Популарните Копјаници од Амстердам се во лоша серија од 7 меча без победа, низа што ја немале од 1965 година.

Ајакс е на петтото место во Ередивизија со 34 бода, 7 помалку од лидерот Феенорд, што е оценето како неуспех на полусезоната и Шрудер мораше да си замине.

Вчера и навивачите на Ајакс протестираа во текот на мечот и бараа отказ за Шрудер, што и се случи денеска.

The Ajax fans protesting the current situation at the club by waving white handkerchiefs, bringing out banners and chanting "Schreuder, f*ck off" and "We want to see Ajax" from soccer

Се очекува наскоро гигантот од Амстердам да го именува новиот тренер, а меѓу кандидатите се Оле Гунар Солскјер и Питер Бош.

 

- Оглас -

Најнови вести