Дејвис донесе конечна одлука, Реал остана со празни раце

Алфонсо Дејвис повеќе од една година флертуваше со Реал Мадрид, но канадскиот репрезентативец на крајот реши да го откачи најтрофејниот европски клуб и да го продолжи договорот со Баерн Минхен.

Левиот бек стануваше слободен играч на крајот од сезонава, а Флорентино Перез се надеваше дека ќе го ангажира Дејвис на ист начин како што тоа го стори минатото лето со Килијан Мбапе.

Сепак, Баерн Минхен во последните два месеца се врати во игра интензивирајќи ги преговорите за продолжување на соработката. Неколкуте рунди преговори конечно вродија со плод, па Дејвис синоќа и официјално ја прифатил последната понуда, со што ќе остане уште најмалку четири години во Минхен.

Германските медиуми информираат дека Канаѓанецот го информирал Флорентино Перез за својата одлука, по што првиот човек на Реал ќе почне да разгледува други опции на пазарот за позицијата лев бек за летниот преоден рок.

Се вчитува...