Најмалку 20 жртви во експлозија во воена база во Камбоџа

Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 луѓе, а оштетени се бројни објекти во близина, објави Sky News.

Воената база Кампонг Спеу се наоѓа на југозапад од земата во Југоисточна Азија, а покрај 20-те загинати војници, уште неколку се ранети. Според Sky News, најмалку 25 куќи во близина на базата биле оштетени, додека четири згради и неколку возила биле оштетени во самата воена база.

По експлозијата војската ги затворила сите приоди кон базата, додека локалното население се засолнило на побезбедни места. Не е неважно и тоа што во провинцијата каде што се случи експлозијата, највисоката температура во неделата изнесуваше 39 Целзиусови степени, се довава во извештајот.

Камбоџанскиот премиер Хун Манет изјави дека бил шокиран по веста за експлозијата, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите војници. Тој вети и дека државата ќе ги плати нивните погреби и ќе им даде отштета на семејствата на загинатите и ранетите.