Шпански новинар тврди кои три клуба посакува Чаби Алонсо да ги води по Леверкузен

Чаби Алонсо сезонава е на добар пат со Баер Леверкузен да освои голем трофеј сезонава, но патот до успехот е се уште долг од сегашна гледна точка.

Она што го работи со Баер Леверкузен веќе е препознаен во европски рамки и веќе го бараат во неколку европски клубови, а сега е откриено кои клубови наводно тој сакал да ги менаџира во иднина.

По завршување на играчката кариера, тој се посвети на тренерската и засега му оди одлично. Во октомвро 2022 година тој го презема Баер Леверкузен, кои сезонава се навистина блиску да дојдат до трофеј во Бундеслигата.

Шпанскиот новинар Гилјем Балагуе, тврди дека Чаби Алонсо има план, односно листа од топ3 клубови кои ќе сака во иднина да ги менаџира.

– Кога од Б тимот на Реал Сосиедад отиде кон Леверкузен, рече дека ќе се врати во шпански клуб ако работите одат како што треба. Очигледно му оди подобро од очекуваното. Тој има свој таен план и листа на клубови кои сака да ги води.

– Алонсо има листа од топ 3 клубови кои сака да ги менаџира, тоа се Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Искрено, јас тука би го вклучил и Манчестер Сити, затоа што тој идеално ми оди во комбинацијасо Пеп Гвардиола, кога тој би го напуштил Етихад. Таа листа постои, но но редоследот не можеме да го предвидиме, тврди Гилјем Балагуе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО