Клиперси не можеа да го сопрат Дончиќ, но Лука по победата откри дека може да не игра на следниот меч (Видео)

Далас маверикс поведе со 2:1 во победи против Лос Анџелес клиперс откако со 101:90 славеше на свој терен. Гостите добро започнаа во првата четвртина која ја добија со пет разлика (23:18), а потоа најмногу водеа и со седум поени (32:25). Потоа следи серија од 12:0 за Далас кој го превзема водството (37:32), за да неколку минути подоцна домаќините стигнат и до двоцифрена предност од 52:39.

Во текот на второто полувреме Далас постојано имаше сигурно водство и на крајот, без многу возбудувања и драми стигна до триумф кој ги донесе во водство од 2:1. Лука Дончиќ со 22 поени, 10 скока и девет асистенции очекувано беше предводникот на Далас, но по средбата Словенецот се пожали на болка во коленото.

„Коленото во моментов ми е прилично вкочането. Ќе видиме утре како ќе биде. Ме знаете мене, ќе се обидам да го дадам најдоброто“, рече Дончиќ по мечот.

Кајри Ирвинг даде 21 поени кај победничкиот тим, додека кај Клиперс најпрецизни беа Харден и Пауел со по 21 поени.

Драматично беше во Индијана, каде домаќините дури по дополнителни пет минути го победија Милвоки и тоа со 121:118. Во регуларниот дел мечот заврши 111:111, откако гостите погодија тројка за израмнување, но сепак немаа сили за комплетен пресврт.

Индијана од почетокот на мечот доминираше и брзо поведе со 39:20, а високата предност ја имаше и пред крајот на третаѕа четввртина кога беше 86:74. Сепак Милвоки се врати, полека ја намалуваше негативата, на крајот стигна до нерешено, но сепак гостите во дополнителните пет минути потклекнаа и Индијана стигна до 2:1 во победи.

Најлесна задача имаше Минесота која со 126:109 го победи Феникс на гости и стигна до 3:0 во победи. На Минесота сега им е потребен само уште еден триумф за пласман во втората рунда на плејофот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести