Панатинаикос добива засилување за „мајсторката“ со Макаби

Патникот во Берлин од чевртфиналната серија во Евролигата помеѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив ќе биде одлучен по „мајсторка“ која во вторник со почеток од 20 часот и 15 минути ќе биде одиграна во главниот град на Грција.

За неа тренерот Ергин Атаман ќе добие и засилување со настап на репрезентативецот на Шпанија, Хуанчо Ернангомез кој настапи само на првиот натпревар од серијата забележувајќи три поени, девет скокови и две асистенции.

По средбата Шпанецот се пожали на грчеви на листот на левата нога, но проблемите се надминати и тој повторно ќе биде на теренот.

И покрај тоа што крилниот центар не ги исполни очекувањата по враќањето во Европа, тој е добро познат по својата експлозивност, а добредојдено ќе биде и неговото богато искуство.

Се вчитува...