Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Од:

За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10д во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците Гостивар – Тетово, Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп. На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи, а делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Во текот на јануари годинава, изведувачот работел претежно на експропријација, геодетска мрежа, топографски премер, геотехнички испитувања, спецификации и дизајн на автопат.

Извештајот покажува дека за делницата Гостивар Тетово извршена е експропријација на 89 проценти од имотот, за Букојчани – Гостивар на 27 проценти, а за делницата Битола Прилеп на 70 проценти. За Гостивар-Тетово се изготвени 88 проценти од урбанистичките проекти, за Букојчани Гостивар 28 проценти, а за Битола-Прилеп 75 проценти. За Гостивар Тетово и Букојчани Гостивар се спроведени и 75 проценти од топографските истражувања, а такви активности нема за останатите две делници. Направени се 61 процент од потребните геотехнички испитувања за патната секција Гостивар-Тетово, 49 проценти за Букојчани-Гостивар и 34 проценти за делницата Битола – Прилеп. Напредокот на работите за спецификација и проектирање на автопатот до крајот на јануари годинава на првата делница изнесува 23 проценти, на втората седум, а на четвртата девет проценти.

Во претходниот извештај за прогресот на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани беше наведено дека целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше потпишан во март минатата година. Со него треба да се изгради автопатска мрежа во вкупна должина од 109 километри.

Од другите автопати во изградба, Собранието минатиот месец изгласа законски дополнувања со кои 31 декември 2026 година е утврден како краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, што се гради од 2014 година. – Пролонгирањето е поради појавени 13 нови свлечишта на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, образложи Владата за проектот што го гради кинески „Синохидро“.

Од автопатот во изградба Скопје-Блаце во вкупна должина од 12,5 километри, во завршна фаза е изградбата на првите два километри, а за останатите од втората фаза во тек е евалуација на понудите за избор на изведувач.

Би можело да ве интересира

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он