Голема дупка се отворила на улица во Рим и „проголтала“ два автомобила/видео

193
Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani
Огромна дупка се отворила на улица на југоисточниот дел од Рим и проголтала два паркирани автомобили.

Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигнаа локалната полиција и пожарникарите.

Полицијата во текот на ноќта го затворила патот и го обезбедувала загрозениот простор во населбата Квадроро. На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.

Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, голема дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.

Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.