Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Охридската оперска дива Миланка Новеска заокружи уште еден успешен проект на Конзерваториумот во Прага

Со голема радост ви ја претставувам „Risorga il mondo“ од „La Resurrezione“ од G.F.Händel.
Многу сум среќна  што на таков неверојатен начин го завршувам проектот „Хендел во Рим“ предводен од маестро Риналдо Алесандрини и Здружението за барокирање заедно со барокниот оркестар на Конзерваториумот во Прага.

🎼Навистина уживав да ја подготвувам музиката во таква средина, барајќи го најдобриот начин да ја изразам музикалноста на кантатите на Хендл компонирани во Рим, напиша во својата објава на ФБ Миланка.