Евролигата започна дисципинска постапка против Ергин Атаман

Панатинаикос не успеа да ја одбрани предноста на домашен терен во четвртфиналната серија против Макаби Тел Авив во Евролигата губејќи со 87-91 во првиот натпревар во „Оака“ арената и покрај тоа што „зелените“ беа оние кои во најголемиот дел од натпреварот ја имаа резултатската контрола.

Тенерот на грчкиот тим, Ергин Атаман веднаш по мечот ги обвини судиите дека му поклониле шест поени на Болдвин бидејќи досудиле две непостоечки и смешни лични грешки при шут за три поени, а во исто време нагласи и дека ќе замине од Панатинаикос доколку неговиот тим не направи пресврт во серијата и се пласира на „Ф4“ завршницата.

Евролигата неговите зборови го протолкува како недолично однесување и судиско етикетирање со што официјално соопшти дека започнува и дисциплинска постапка против турскиот стартег бидејќи е очигледен притисокот кој нема да се толерира.

Се вчитува...