Поврзете се со нас

Свет

Атанасов го матираше лидерот во Полска (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов се запиша во листата на стрелците во изненадувачката победа на Краковија над лидерот Јагелонија во првата лига на Полска.

Гостите се изборија за триумф од 3-1, триумф до кој дојдоа со пресврт со оглед на тоа што фаворитот го отвори натпреаврот со гол во раната фаза. Потоа домаќините добија црвен картон и тоа максимално беше искористено од Краковија која уште во првото полувреме дојде до 2-1 за да на стартот на второто нашиот Атанасов ги потврди трите бода.

Ова за Јани беше 4 сезонски гол, а зад своето име има и една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни