Османи и саудискиот министер за надворешни работи размениле мислења за модалитетите за развој на економските и бизнис релациите, согласувајќи се дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката на полето на прехранбената индустрија, туризмот и енергетиката
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на првата официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, се сретна со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи, што воедно претставува и прва средба на министри за надворешни работи од воспоставувањето дипломатски односи.
Како што соопшти МНР, на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и начините за нивно понатамошно унапредување. Соговорниците размениле мислења за модалитетите за развој на економските и бизнис релациите, согласувајќи се дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката на полето на прехранбената индустрија, туризмот и енергетиката.
„Денешната посета претставува потврда на заемната посветеност на развојот на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена. Пред нас се отвораат големи можности за понатамошно интензивирање на размената на прехрамбени продукти и земјоделски производи, особено имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храната во овој регион и нашиот потенцијал за кој ни се потребни нови пазари“,
смета министерот Омани.
Османи најгласил дека земјава е посветена на креирање поволни услови за странските инвеститори и смета дека саудиските инвеститори во Владата на Северна Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.
Османи го брифирал принцот Ал Сауд за неодамнешното членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, претстојното претседавање со ОБСЕ и европското досие на земјата.