„Фудбалот во Саудиска Арабија никогаш нема да го достигне нивото на Европа“

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мхитарјан го сподели мислењето за продолжувањето на кариерата во Саудиска Арабија, каде што во последните години заминаа многу ѕвезди.

Ѕвездата на ерменскиот фудбал смета дека и покрај многуте пари, нивото на фудбалот нема да биде никогаш исто со она во Европа.

„Тие сакаат да го развијат шампионатот и фудбалот, затоа купуваат ѕвезди за многу парти. Меѓутоа никогаш нема да бидат на нивото на фудбалот во Европа. Во Европа е многу различно“, изјави фудбалерот.

Мхитарјан во оваа сезона одигра 45 натпревари и постигна два гола и 11 асистенции.

Се вчитува...