Поради инцидент прекинат натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер: Навивачите фрлаа со шишиња и факели

105

За време на ракометното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер кое се одржува во салата „Јане Сандански“, се случи инцидент помеѓу навивачките групи Комити и Чкембари, по што натпреварот беше прекинат.

Инцидентот се случи во текот на првото полувреме на натпреварот, навивачите од двата тима влегоа во меѓусебна пресметка, дел од нив излетаа на терен и фрлаа едни на други со шишиња и фаќели.

Фото: П.Стојановски

Капитените Стојанче Стоилов и Мирко Радовиќ излегоа на терен и замолија за смирување на ситуацијата.