ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОКРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДЕЦА КОИ СНИМИЛЕ СЕКСУАЛНО ВИДЕО СО ДЕТЕ И ГО УЦЕНУВАЛЕ, СИТЕ СЕ ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИ

    ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОКРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДЕЦА КОИ СНИМИЛЕ СЕКСУАЛНО ВИДЕО СО ДЕТЕ И ГО УЦЕНУВАЛЕ, СИТЕ СЕ ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИВидеото кружи меѓу ученици од основните училишта. (Фото: СДК.МК)

    Малолетници од Велес кои не наполниле 15 години снимиле сексуално експлицитно видео на нивните мобилни телефони со дете кое исто така нема 15 години. Тие со видеото го уценувале детето и сo oво сториле кривични дела уцена и полов напад врз дете кое не наполнило 15 години.

    Видеото кружи меѓу ученици од основните училишта. Снимено е на летниковец на улицата Браќа Капчеви. Сите деца се од различни основни училишта од градот. Едно дете се појавува во изминатите неколку месеци како сторител на кривичните дела насилство и тепачка во неколку наврати.

    Од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека веќе презеле дејствија во предметот.

    „За пријавеното малолетно лице кое е под возраста што дозволува да биде кривично одговорно известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија. За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него. Се работи на обезбедување на сите докази, а Обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од ОЈО Велес.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира