Поврзете се со нас

Свет

Миовски играч на сезоната во Абердин: Овие награди ми докажаа…

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски има навистина одлична индивидуална сезона во дресот на Абердин, тим во кој успеа да постигна погодоци во сите натпреварувања во кои клубот настапуваше и тоа првенството, лига и ФА Купот како и на мечевите во Лига Европа и Конференциската лига.

Со овие настапи тој си ја зголеми цената на пазарот, го привлече вниманието и на другите клубови, но во исто време дополнително ги освои навивачите на Абердин, стана вистински миленик на поддржувачките на овој славен шкотски тим.

Токму нашиот репрезентативец доби една заслужена награда од Абердин и тоа за играч на годината, натпреварувачката 2023/2024.

-Благодарност до сите навивачи кои гласаа за мене, ми покажавте колку многу ви значи тоа што го правам кога сум на теренот. Овие две награди ми докажаа дека се што сум направил од моето срце за овој тим е ценето и ќе продолжам се да правам, -порача Миовски кој да не заборавиме претходно се најде и во тимот на сезоната во шкотскиот шампионат.

Големо признание за напаѓачот: Миовски доби место во тимот на сезоната во Шкотска

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни