📷 Софија Вергара конечно призна: Те сакам

од Симе Стоиков

Колумбиската актерка Софија Вергара конечно ги потврди шпекулациите во јавноста и призна дека е во врска со згодниот хирург Џастин Салиман.

Веста дека убавата Колумбијка е во врска со згоден хирург со месеци кружи низ мрежата. Иако актерката никогаш јавно не се огласи за тоа, пошироката јавност многу добро знаеше дека „каде има чад има и оган“.

Двојката претходно неколку пати беше фотографирана во јавноста, а Вергара сега ја искористи можноста да му го даде на светот тоа што го бара и потврди дека е во врска со Салиман.

Исповедта ја направи од својот кревет, односно во својата приказна на Инстаграм објави фотографија од креветот и во преден план е нејзиното момче.

Како што можете да видите, Софија ја оперирала ногата, а згодниот хирург се погрижил за нејзиното здравје.

„Ако некогаш треба да направите операција на коленото, погрижете се да добиете згоден доктор кој ќе спие со вас таа ноќ“, напиша Софија, објавувајќи слика од докторот.

А потоа додаде: -Те сакам.

Да потсетиме, Софија Вергара се разведе од Џо Манганиело минатата година по седум години брак.

Слични содржини