Четвртти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје
- Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлин 2024“ ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.
Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлин 2024“ ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар. Пријавувањето е до 9 мај или до пополнување на максимален број на учесници. Настанот ќе се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерација на Северна Македонија.
Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти , нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт, информира Данчо Ѓорѓијевски организатор на трката од клубот „Триоги реј синг“.
-И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат - 300 . Се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-освестени компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг, потенцира Ѓорѓијевски.ад/са/
Фото: постер