Нападнати три постари жени во Шведска, па полицијата застрелала маж

од Симе Стоиков

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во врска со нападот на три постари жени во градот Вастерас.

Полицијата соопшти дека мажот ги нападнал жените на возраст меѓу 65 и 80 години со остар предмет, пренесува Ројтерс.

Шведската новинска агенција Expressen објави дека една од жените и напаѓачот се во болница со сериозни повреди.

Очевидци велат дека слушнале десет истрели. Нападот се случил денеска околу 12:25 часот.

„Многу полицајци беа на местото на нападот. Мислевме дека станува збор за петарди. Не знаевме за што се работи. Автомобилот на нашиот сосед беше уништен. Полициско возило удри во него”, рекол еден од очевидците.

Слични содржини