Едно лице приведено во Охрид окако во неговиот дом била пронајдена муниција.

МВР информира дека вчера, полициски службеници од криминалистичката полиција Отсекoт за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од охридскиот Основен суд, извршиле претрес во дом и други помошни простории на охриѓанецот А.М.(51).

При претресот била пронајдена и одземена муниција, која неовластено ја поседувал. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР