Путин објасни во каква состојба е руската економија

од Nikola Popovski

Шефот на руската држава, Владимир Путин соопшти дека до крајот на годината, рускиот БДП би можел да порасне за над три проценти. Путин објаснил дека макроекономските показатели од почетокот на годината се подобри од она што го предвидувале тамошната влада, централната банка на Русија и експертите.

– Реалната моментална состојба на економијата овозможува да се направат подобри прогнози за нејзиниот развој. Многу експерти веќе зборуваат за тоа дека до крајот на оваа година рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три проценти, рекол рускиот претседател на состанок за економски прашања кој се одржал во онлајн формат.

-Традиционално, тоа што ме радува е најголемо темпо на раст има во преработувачкиот сектор. Нивната динамика е следна: во јануари плус 7,5 отсто, во февруари веќе 13,5 отсто. Благодарение на тоа, инфлацијата забавува, додал Путин.

Според податоците на руското Министерство за економски развој, инфлацијата во изминатата недела е намалена за 0,08 отсто и на годишна основа изнесува 7,82 отсто.

Како што нагласил рускиот министер за финансии Антон Силуанов, се очекува стапката на раст на руската економија во 2024 година да биде на нивото од минатата година – 3,6 отсто.

Слични содржини