Сеќавање: На денешен ден во 2014 година почина една од водечките македонски театарски уметници Мери Бошкова

Мери Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа беше македонска театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската глумечка уметност.

Бошкова ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961), во режија на Димитрие Османли. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата глумечка кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа ( “Еригон “- од Ј. Плевнеш ), како и голем број на високи сојузни и републички признанија – награда на Владата на ФНРЈ , Владата на НРМ, наградите “11 октомври ” и ” 13 Ноември”, наградата за животно дело и др.


Со своите први настапи во родната Битола, го свртува вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославува и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од шекспир, Бароница Кастели во „Господа Глембаеви“ и „Нора“ од Хенрик Ибзен.

Скоро една деценија живее и твори во Драмата на Народниот театар во Белград, каде се прославува со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана ружа“ од Тенеси Вилијамс и др.


По враќањето во Скопје носител е на главните рољи на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка Министерка, со која творба се вбројува меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.

Освен на „даските што значат живот“ ,таа е активна и во радио драма, ТВ драми, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска глумечка творба е на филмскиот екран во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“.


Починала на 25 март 2014 година во Скопје. Погребана е на градските гробишта Бутел во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …