Фото: Пиксабеј

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, во контекст на објавената анализа за потрошувачка на електрична енергија со прилог табела од страна на министерот за економија Кресник Бектеши, каде од податоците за Железници Транспорт АД – Скопје може да се увиди дека се најголем потрошувач на електрична енергија со најмалку заштеда се целосно невистинити, демантира дека се на прво место.

„Имено сакаме да Ве известиме дека согласно официјалните податоци од Одделението за енергетска ефикасност при ЖРСМ Транспорт АД – Скопје за потрошена електрична енергија видно е дека: За ЕВН Хоме одржување на влечни и влечени средства и административни згради, споредбено за месец 9.2021 година потрошено е 65.171.50 киловати, а за 09.2022 година потрошено е 57.227.40 киловати со што остварена е заштеда од -12.19%. Исто така напоменуваме дека ЖРСМ Транспорт АД – Скопје споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 киловати, а за 10.2022 година потрошено е 83.507 киловати со што остварена е заштеда од -36.34%. За ЕВН Хоме преку мрежата на МЕПСО за товарен и патнички сообраќај, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 1.166.220 киловат часови, а за 09.2022 година потрошено е 1.060.020 киловат часови со што остварена е заштеда од -9.10%. Исто така напоменуваме дека ЖРСМТ Транспорт АД – Скопје за месец 10.2021 година потрошено е 1.122.920 киловат часови, а за 10.2022 година потрошено е 1.075.330 киловатчасови со што остварена е заштеда од -4.23%. Овие податоци официјално се потврдени од Владата на Република Северна Македонија од Извадок од нацрт Записникот на Владата на РСМ на 102 седница одржана на ден 15.11.2022 година број 41-10377/2 од каде може да се види дека Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје е еден од најголемите заштедувачи на електрична енергија“, стои во демантот.