Регион

Струмица беше град-домаќин на Работилницата за релевантни јавни органи, бизнис ангели и здруженија

Денес Струмица беше град-домаќин на Работилницата за релевантни јавни органи, бизнис ангели и здруженија/мрежи за имплементација на предложените програми/мерки за поддшка на бизнис ангели.

Во присуство на претставници од Министерство за Економија и од Општина Струмица, како и претставници од бизнис секторот, тим лидерот на проектот, експертот Вељанд Рамадани, зборуваше за бизнис ангелите и за нивниот концепт, оперативен модел и инвестициски процес, за мрежите на бизнис ангели, синдикати и коинвестициски фондови, како и за програмите и мерки за поддршка на инвестициите на бизнис ангелите.

Инаку, бизнис ангелите се докажани претприемачи кои ја имаат улогата на инвеститори во бизнис идеи кои ветуваат, најчесто во млади стартап компании кои со своето делување покажуваат капацитет за растеж на претприемништвото.

Препорачуваме:

30-годишен жител на Градошорци приведен за криумчарење мигранти од Сирија

Ѓ. K.

По повод Недела на италијанска кујна, во Струмица ќе се одржи италијанска вечер “La magia della cucina italiana”

Ѓ. K.

Секоја среда може да се подигнуваат канти за селекција на отпад

Сузана Мицева