Утрински Весник
Магазин

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

527499 Lovorovo Ulje F.webp.webp
Ss2

Дали знаете колку моќен лек добивате кога ќе истурите маслиново масло врз ловоров лист? Ловоровиот лист е познат и омилен зачин, а одамна има посебно место во нашите кујни.

Но, малкумина знаат дека листовите на ова медитеранско зимзелено дрво може да се користат за многу здравствени цели, не само за подготовка на храна.

300x250 (7)

Со овие листови можете да подготвите лековито масло, кое има фантастични здравствени својства.

Доколку е потребно, нежно загрејте го маслото во пареа. Втријте го маслото темелно на погодените зглобови. Освен за лекување зглобови, ловоровото масло се користи и за мигрена и болести на ушите. Ако имате силни главоболки, маслото треба да го масирате на слепоочниците. Ловоровото масло може да го замени аспиринот, бидејќи е во состојба да ја намали зголемената телесна температура. Исто така, помага во ублажување на болките во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го подобрува апетитот.

Исто така, ловоровото масло е одлично за превентивни мерки. Има способност да ја зголемува отпорноста на инфекции, односно е ефикасен кога станува збор за зајакнување на имунитетот.

Можете да го користите ловоровото масло за да подготвите лосион за справување со проблеми со кожата на вашето лице. Овој лосион е многу ефикасен во борбата против акните и митесерите.

Потребни состојки:

30 грама ловорови листови

250 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

Издробете ги ловоровите листови и покријте ги со маслиново масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете ја добро и оставете ја да отстои на темно и ладно место 14 дена. Протресете ја содржината на шишето одвреме навреме. По 2 недели, процедете го маслото преку газа и префрлете ја течноста во друг сад. Добиеното ловоровско масло чувајте го во ладна просторија.

Ss1

Можете да прочитате

Ова се работите кои привлекуваат лоша среќа во вашиот дом

Швеѓанец возел Тесла и заспал, му требале 40 км за да се разбуди

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз