Вести Свет Топ вести

Нови протести ширум Кина против „нула ковид“ политиката на Пекинг

Незадоволството во Кина против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години продолжува да расте. Нов протест избувна денеска во Шангај каде илајдници демонстранти побараа од претседателот Си Џинпинг да си поднесе оставка искажувајќи го своето незадоволство и од него, и од владејачката Комунистичка партија. Протестите во Шангај започнаа откако прво се собраа неколку стотици граѓани за да оддадат почит на 10-те жртви во пожарот кој вчера избувна во станбена зграда во градот Урумчи. Локалните жители, кои ѝ припаѓаат на Ујгурската заедница во западна Кина, обвинија дека станарите не можеле да излезат од зградата поради ковид рестрикциите кои се во сила во градот уште од почетокот на август.

Зградата е во близина на противпожарни станици, болници, има училишта и касарни околу зградата. Зошто пристигнаа толку доцна, после неколку часови? Кога спасувачите доаѓале, се соочиле со многу пречки, многу пречки на пат кон зградата, заклучени порти. Соседството било блокирано, и кога спасувачите пристигнале, кога пристигнала и полицијата, не можеле веднаш да влезат во зградата. Требало да поминат низ многу препреки и бариери на пат кон пожарот. Додека пристигнаа, луѓето веќе беа загинати, секако дека луѓето ќе бидат гневни поради тоа, вели Абдулхафиз Мухамед Емин, роднина на една од жртвите.

И покрај големата контрола која Комунистичката партија ја има врз општествениот живот, Кинезите и претходно не се двоумеле да го искажат своето незадоволство, но досега тоа беше ограничено на локално ниво, и за локални прашања. Се протестирало против загадувањето на воздухот, злоупотреби на локалните власти, па дури и против полициска бруталност, но овој пат незадоволството брзо се шири, и засега властите не успеваат да го стават под контрола. Протести и насилни судири со полицијата имаше во фабриката Фокскон, позната по тоа што таму се произведуваат смартфоните на Епл, но демонстрации деновиве се одржаа и на универзитетите во Пекинг и Нанџинг. Кинеската влада, се чини дека драматично го потцени растечкото незадоволство од „нула ковид“, политика која е необјасниво врзана со претседателот Џинпинг, кој неодамна пак вети дека владата нема да отстапи од неа.

Во отсуство на други конкретни мерки, како зајакнување на здравствениот систем, точни податоци дали луѓето се вакцинирани или не, тие всушност само одложуваат, вели професорот на лондонскиот колеџ, Франсоа Балу.

Уште посериозно, од перспектива на владата, е што изјавите на Џинпинг ја ставаат во ситуација од која нема јасен излез. Тие имаа три години да се подготват за евентуалното отварање, како што веќе направија сите останати земји, но наместо да градат нови болници, повеќе капацитети за интензивна нега и да работат на зголемување на стапката на вакцинација, кинеските власти вложија огромни ресурси во масовно тестирање, карантини и изолации, обидувајќи се да ја добијат војната против вирусот кој никако не исчезнува.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе