Германскиот канцелар, Олаф Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што и дава гас на Германија со што ги заменува испораките на гас од Русија. Шолц соопшти дека Норвешка станала најголемиот снабдувач со гас на Германија.

Мораме да ѝ се заблагодариме на Норвешка за фактот што за само неколку месеци успеавме да станеме целосно независни од руската енергија. Норвешка  сигурно нè снабдува со гас, дури и повеќе од првично договореното и ќе остане наш најголем снабдувач на гас во следните години. Со цел да остане најголемиот снабдувач на гас na Германија, Норвешка во моментов развива дополнителни наоѓалишта на гас“, изјави Шолц.

Германскиот канцелар присуствуваше на церемонијата на отворање на саемот во Хановер. На настанот присуствуваше и норвешкиот премиер, Јонас Гар Сторе.

Германија, заедно со други европски земји, одлучи да ја намали својата енергетска зависност од Русија по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Поради тоа, земјите бараат алтернативи, во кои се вклучени и САД и нивниот извоз на течен природен гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.