Ковачевски се појави, навистина се појави – лидерот на СДСМ конечно заедно на митинг со Пендаровски

Ковачевски се појави, навистина се појави – лидерот на СДСМ конечно заедно на митинг со Пендаровски

Ковачески конечно по пет дена се појави на митинг на Пендаровски. По силниот притисок на јавноста, но и на членството, лидерот на СДСМ дојде да го подржи својот кандидат во Аеродром и да покаже дека не го оставил сам. И покрај воинстевните изјави, сепак однесувањето меѓу двајцата остави впечаток како нешто да не во ред со нивните односи. Најсимптоматично е што при поздравното ракување, Пендаровски се поздрави со сите кои стоеа во првиот ред, како што беше вицепремиерот Бојан Маричиќ, но го прескокна Ковачевски и продолжи понатаму.

Не само што не се ракуваше, на Пендаровски не му беше ни до песна ни до химна кога стоеше до лидерот на СДСМ.

За време на интонирањето на химната очигледно не беше во омилено друштво, па уста не му отвараше и не запеа ниту еден збор, за разлика од Ковачевски.

Ковачевски вели дека мегафоните на власта го критикуваат неговото отсуство на митинзите на Пендаровски, но тоа било зашто немало потреба Пендаровски некој да го носи за рака по митинзи.

Oд стартот на кампањата, четири дена Димитар Ковачевски не се појави на ниту еден митинг кај Пендаровски, се до вчера.

Како за првпат, Ковачевски не се штедеше со фалбите за актуелниот претседател кој според него е надпартиски човек со интегритет кој работи за интересите на државата, заборавајќи го разочарувањето на народот од Преспанскиот договор и Францускиот предлог за преговарачката рамка со ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста