EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Реал Мадрид очигледно губат контрола на вторите натпревари од плејофот во Евролига. Така беше и минатата година во дуелот со Партизан, кога дојде до општ хаос на теренот и тепачка меѓу кошаркарите на двата тима, а така беше и овој пат, за среќа, без немили настани.

Имено, кошаркарот на Реал, Марио Хезоња, беше исклучен на крајот од натпреварот против Басконија поради низа пцости и навреди кон словенечкиот судија Саша Пукл. Хрватскиот интернационалец повика на фаул во една ситуација под кошот на противникот, при резултат 93:75 за „Кралевите“.

Хезоња жестоко бараше да се досуди фаул по што доби техничка. Седна на клупата за резерви, но и од таму дофрлуваше кон судијата Пукл и покрај тоа што соиграчите и тренерот се обидуваа да го смират. На крајот доби и исклучување, а на пат кон соблекувалната застана пред тунелот, се сврти кон Пукл за добро да го разбере и од усните да прочита што му рекол.

  • Да ти е*ам мртвата мајка“, му довика меѓу другото кошаркарот на Реал на Словенецот.

Ваквата ситуација не влијаеше на победата на Реал (101:90), по што бранителот на титулата европски шампион со предност од 2:0 по првите два натпревари и со две „меч топки“ заминува во Виторија.

До победа дојде и тимот на Панатинаикос во дуелот против Макаби Тел Авив (95:79) и со тоа израмни 1-1 во серијата до три победи.