Мадиќ: Го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата, да го отвориме Уставот за да почнеме со европската агенда

Мора да се отвори Уставот за да се отпочне со европската агенда. Без тоа нема евроинтеграции, нема напредок во државата. Ние, како држава го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата и сето она што е битно за една држава и мултиетничко општество“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за ТВ Клан.

Таа додаде дека СДСМ изминатите седум години покажа дека е државотворна партија и дека сите дискусии околу реалните и нереалните предлози за отворање на Уставот може да се дискутираат по формирањето на новата влада.

Според Мадиќ, околку се отвори Уставот тогаш може да се дискутира за повеќе прашања и барања на сите политички чинители вклучувајќи ја на пример и препораката на ГРЕКО, министерот да не биде член по функција во Судскиот совет, прашањето со еврообврзницата и вакуумот за време на избори и друго.

 

Back to top button
Close