Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?

Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?

Кога анксиозноста надвладува, се јавуваат негативни мисли кои нè спречуваат да функционираме на вообичаен начин и ни наметнуваат глас во главата кој ни шепоти дека „сè е лошо“. Ако се соочувате со оваа ситуација, обидете се да застанете, длабоко вдишете и размислете. Ова може да биде предизвик кога сакате да завршите многу задачи одеднаш, па ве обзема анксиозност и паника доколку не можете да ги завршите навреме.

Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?

Кога се чини дека не знаете како да се справите со предизвиците, тоа е сигурен знак дека ве нападнале негативни чувства. Затоа, вреди да го направите првиот чекор и да започнете дијалог со себе. Неопходно е да се запрашате зошто ви е потребна оваа работа, што ве тера да се чувствувате лошо и дали би било подобро доколку бидете трпеливи и размислете за миг што е тоа што тргнало наопаку?

Веднаш штом ќе ги поминете првите чекори, работата престанува да изгледа толку невозможна и напорна. Освен тоа, чувството на контрола ќе ве смири и ќе ви помогне да го завршите она што сте го започнале. Доволно е да ги следите овие 3 совети:

1. Направете список со обврски

За да не се одвоите од реалноста, потребно е да ја почитувате дисциплината и да имате одреден редослед на обврски во вашата глава. За да не бидете збунети и да ги намалите стравот и вознемиреноста дека нема да направите нешто добро, секое утро правете листа на работи што треба да ги направите, дури и секојдневни со цел да ги намалите што е можно повеќе негативните мисли. Започнете со запишување ситници, од местење на креветот и пеглање алишта, до одење на работа и должности што ве очекуваат таму. Подоцна, кога ќе ја проверите листата и ќе сфатите дека сте завршиле голем дел од вашите обврски, тоа ќе ви остави до знаење дека сте биле продуктивни во текот на денот.

2. Поедноставете го вашиот процес

За да останете продуктивни и смирени во исто време, треба да си ја создадете најудобната средина. Пред сè, тоа се однесува на работата. Идентификувајте ги слабите точки: што ви го одвлекува вниманието и ве тера да одолговлекувате, а што ве исцрпува и не ви дозволува да се одморите. Запомнете дека мора да постои рамнотежа и на работа и во слободно време.

3. Поминувајте време со саканите

Најчесто, кога сме осамени им подлегнуваме на негативните мисли. Затоа, обидете се поголемиот дел од слободното време да го поминете со оние кои ве поддржуваат и прават да се чувствувате добро. Ова може позитивно да влијае врз вашата ментална состојба.

Забелешка: Ако се соочувате со анксиозност која негативно влијае врз квалитетот на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.

Откако прочитавте како да се справите со чувствата на анксиозност и паника во работната средина, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар