Само тројца фудбалери на Јунајтед се недопирливи, сите останати се на продажба

Сер Џим Ретклиф кон крајот на 2023 година го презеде управувачкиот пакет акции на Манчестер јунајтед и сега планира комплетна реконструкција на екипата. Амбициите на клубот се атак на сите трофеи следната сезона, а за тоа ќе им бидат потребни нови засилувања, но и да се ослободат од дел од фудбалерите за да се направи простор за новите.

Според британскиот „Телеграф“, само тројца фудбалери се недопирливи и нема да бидат на продажба, додека за сите останати ќе се очекуваат понуди од другите екипи. Тројцата величествени се Маино, Хојлунд и Гарначо и тие се сметаат за иднината на Црвените ѓаволи.

Манчестер јунајтед во моментов е на шестата позиција на табелата во Премиер лигата, без никакви шанси за пласман во Лигата на шампионите, но до крај треба да се бори за излез во Лигата на Европа или Конференциската лига, а тоа може да го стори и доколку го освои ФА купот, каде што во финалето за противник го има градскиот ривал Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести