Македонија
„СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања – Исеини, кој и со чии пари го плаќа“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Дека очајот во СДС и кај Ковачевски и Пендаровски е толку голем, говори фактот што почнале да соработуваат со странскиот експерт за црна кампања, Асаф Исеини, кој е еден од најскапите на пазарот. Немаат ништо сработено цели 7 години, па ќе пробаат да спасат колку што можат нешто со негативна кампања“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Пендаровски ги призна средбите, а дали Асаф Исеини е ангажиран само од СДС, само од Пендаровски или и од СДС и Пендаровски, е најмалку важно.
Останува само да признаат и да кажат со кои пари го плаќаат човекот кој им ја смислува кампањата. Патем од она кое што го гледаме кампањата им е исклучиво насочена кон поделби и навреди упатени кон сопствениот народ, што само потврдува дека сите карти ги ставиле на тоа да сеат магла наместо да дадат отчет и понуда.
СДС треба да знаат дека ако го плаќаат со црни пари странскиот стратег, тогаш прават криминал. Ако го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.
СДС, Ковачевски и Пендаровски нека почнат да даваат одговори. Знаеме дека во овој скандал угоре им е високо, а удолу им е длабоко, ама мора да кажат кој и на каков начин им го финансира странскиот стратег на кампањата.
Времето на промени доаѓа, а по него ќе следи и времето на одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.
Македонија
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.
– Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.
Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.
Македонија
Џафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите
Премиерот Талат Џафери од ДУИ, од прес-конференција во Владата се осврна на изборниот процес, и ги повика институциите да ја штитат кредибилноста.
Тој рече дека како премиер, одговорен за успешноста на изборите, добил извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците во изборите.
Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.
„Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите“, порача Џафери.