Ретклиф идентификуваше само тројца играчи на Манчестер Јунајтед кои нема да се продаваат

од Vladimir Zorba

Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф е подготвен да се раздели со речиси секој играч во сегашниот тим се додека клубот добие соодветни понуди. Има само три кои во никој случај нема да се продаваат и на кои ќе се потпира во наредните години. Станува збор за младите Алехандро Гарначо, Расмус Хојлунд и Коби Мајну.

Клубот е под притисок на финансиските регулативи откако во последните три летни преодни рока потроши 555 милиони. Јунајтед ќе биде лишен и од приходите од Лигата на шампионите бидејќи тимот на Ерик Тен Хаг очигледно нема шанси да заврши меѓу првите четири оваа сезона.

Поради овие причини, секако ќе има потреба од продажба за да се обезбеди посериозен буџет за селекција. Според англиските медиуми, во овој момент е извесно дека клубот ќе сака да доведе нови играчи на три позиции – централен напаѓач, централен играч за врска и десен централен дефанзивец.

Слични содржини