Филип Лам: Франција е прв фаворит за освојување на ЕВРО 2024

Шефот на организацискиот комитет на Европското првенство кое оваа година се одржува во Германија, Филип Лам, вели дека Франција е фаворитот број еден за освојување на шампионатот.

„Франција има најголеми шанси да ја освои титулата, затоа што има 40 фудбалери со еднаков квалитет. Многу избалансиран тим кои имаат еднакво квалитетна клупа, но најважно, сепак, ќе биде како ќе се однесуваат како екипа. И хемијата во тимот ќе биде многу важна ако сакаат до титула“ – вели Лам.

Тој вели дека и останатите „големи фудбалски нации“ се со шанси за трофеј, но лично би сакал да види некое изненадување.

„Речиси сум 100% сигурен дека титулата ќе ја освои некоја од големите фудбалски нации, некоја од оние кои и минатите европски првенства доаѓаа до трофејот. Но, лично сакам и да има некое пријатно изненадување“ – вели поранешниот капитен на германската репрезентација.

Се вчитува...