Поврзете се со нас

Италија

Интер двапати водеше, ама не победи на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Екипата на Интер иако двапати водеше не успеа да издвојува победа над Калјари во последниот натпревар од денешната програма од 32.коло во италијанската Серија А.

„Нероаѕурите“ имаат отворен пат до Скудетото, ама ќе мора да се потрудат и официјално да го потврдат, а за да се случи тоа не треба да губат бодови како вечерва на „Џузепе Меаца“.

Четата на Симоне Инѕаги дојде до почетно водство во 12 минута преку францускиот напаѓач Тирам, предност која остана до крјаот на првиот дел.

Овој резултат беше активен до 65 минута кога Шомурудов израмни на 1-1, ама домаќинот притисна и одново се врати во позитива со голот од пенал на Чалханоглу во 74 минута. 

Многумина помислија дека фаворитот во продолжението нема да има проблеми, но гостите од Сардинија ја дочекаа својата шанса и се изборија за реми и бод со погодокот на Виола во 83 минута.

Интер има 83 бода или 14 повеќе од Милан со кого се соочува во следната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни