Мицкоски: ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност, идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија

Од:

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.

Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.

– Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.

– Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.

Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.

Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави одговорност: Жалам што граѓаните се соочуваат со проблеми во здравството за кои мислевме дека се дел од минатиот век

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица

Горан Наумовски

Мицкоски: За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа побарав поддршка од сите и разговарав и со СДСМ

Мицкоски: Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции

Горан Наумовски

Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа се со цел да го исполниме ветеното на изборите за што добивме огромна поддршка