Зоран Шоров освои прво место на државното првенство во борење за пионери

Изминатиот викенд во Штип се одржа државното првенство во борење за пионери, каде Зоран Шоров го освои првото место во слободен стил.

Шоров забележа вкупно пет победи, од кои во групата забележа три победи и лесно се пласираше во полуфинале, а од таму и во финалето каде забележа нова победа и со тоа го освои државното првенство во борење слободен стил за пионери.

Пред Шоров сега е настапот на Меѓународен турнир во Бугарија, кој е закажан за 3. мај, а потоа ќе следува и Европското првенство.

На 15. мај ќе се одржи Европското првенство во Грција на кое Шоров ќе земе учество.

Шоров се надева дека со добар ждреп и со негови добри борби се надева во Штип да се врати со медал.

Младиот Шоров кој нема конкуренција за добри натпревари во Македонија веќе со фокусот е на Меѓународниот турнир во Бугарија и на Европското првенство кое ќе се одржи во Грција.

Александар Ванев, М-Нет