ВИДЕО Страшен момент од аеродромот во Истанбул: „Боинг“ удри во пистата при слетување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Товарниот авион на американската авиокомпанија „FedEx“ слета денеска на аеродромот во Истанбул без спуштено предното тркало поради непознат дефект, соопшти турското Министерство за транспорт.

Боингот 767 на компанијата „ФедЕкс ерлајнс“ пријавил во контролната кула дека пристигнува од Париз во Истанбул со дефект на опремата за слетување, пренесе турската агенција Анадолија.

Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот, што е успешно изведено со интервенција на Аеродромската спасувачка и противпожарна служба. Министерството соопшти дека во инцидентот нема повредени.

Пистата каде што слетал авионот е привремено затворена, но сообраќајот на останатите писти на овој аеродром продолжува без прекин. Авионот се отстранува од пистата.