Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Објавено

на

Силни, емотивни пораки се слушнаа на манифестацијата која попладнево се одржа во Гостивар, во чест на претстојниот празник, 5 Мај-Ден на македонскиот јазик, а ја организираше Центарот за култура „АСНОМ“.

„Нашиот јазик е бисерен ѓердан кој со гордост треба да го носиме. Јазикот е душата на секој нација, јазикот е непроценливо богатство. Да го чуваме јазикот како зеницата во окото. Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!“, ова беа дел од зборовите искажани на сцена од учениците од основните училишта, коишто учествуваа во културно-утемничката програма на свеченоста.

Покрај литературно читање на лични творби и стихови од познати македонски автори, беа подготвени и драматизации, ритмички точки и фолклорни игри. Додека траеше програмата, дел од учениците пак, на сцената ја покажаа својата уметничка умешност. Организаторот од Центарот за култура, Валентина Тасеска изрази благодарност до сите учесници, соработници и гости за успешно и достојно одбележување на празникот.

„Овој Центар на култура во Гостивар вечерва е центар на светот, на оваа грандиозна манифестација во слава на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во кој е вдахновен нашиот прв животворен здив, нашето прво обраќање кон светот, оној кој е задоен од нашето мајчино млеко, прекрасен, раскошен, недостижен македонски јазик низ кој расте нашиот првоговор, но и правоговор.“, рече меѓудругото во своето обраќање проф. д-р Кристина Николоска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик.

Николоска и писателот Горјан Петревски беа почесни гости на настанот во Гостивар.

„Многу ми е драго што сме овде во Гостивар на една ваква значајна манифестација, која го величи македонскиот јазик, го потенцира значењето да си го чуваме, негуваме и почитуваме јазикот“, рече Петревски.

Програмата беше реализирана во соработка со основците и менторите Боге Димитриески, Елизабета Смилеска и Валентина Николоска.

На 5-ти мај во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена