„Атаман повеќе збори отколку што си ја врши задачата како тренер“

Турскиот тренер Ергин Атаман одново се најде во центарот на вниманието на кошаркарската јавност со изјавите по четвртфиналната серија против Макаби Тел Авив во која неговиот тим има негатива од 2-1 и пред новото гостување во Белград против израелскиот тим се наоѓа пред елиминација во Евролигата.

Последен кој го критикуваше Атаман е поранешниот кошаркар на Макаби Тел Авив, Пини Гершон кој во 2004 и 2005 година со израелскиот тим го освојуваше престижното натпреварување.

„Атаман повеќе збори отколку што си ја врши задачата како тренер. Разбирам дека е под притисок, но верувам дека следната сезона е поблиску до Турција отколку до Грција. Некои од играчите на Панатинаикос не го сакаат за тренер. Седеше на клупата на третиот натпревар и со тоа испрати лоша порака до играчите. Тренерот постојано треба да биде активен, играчите треба да почувстуваат дека е присутен“, вели Гершон.

Се вчитува...