Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 19 години загубија и од Швајцарија на турнирот во Скопје

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби од Швајцарија со 2-0 на втората средба од мини квалификацискиот турнир (елитна фаза) за пласман на Европско првенство.

Во претходната рунда избраниците на Тони Јакимовски претрпеа пораз од Украина со истиот резултат, па ова воедно значи дека ги загубивме сите шанси за место на европскиот шампионат.

Швајцарците постигнаа по еден гол во двете полувремиња, во првото не матираше Луке, а во второто Бинеј.

Сега за нашите надежи останува пресметката со Летонија која има исто негативна разлика 0-4, па со позитивен резултат ќе се обидеме да го избегнеме фенерот во групата.

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Андреј Велков, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Лорик Каба, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓорѓиевски, Димитар Данев, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Никола Величковски;

Резерви: Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Даниел Марковски, Зани Назифи, Давор Серафимов, Валон Алији, Хакија Цаноски;

Селектор: Тони Јакимовски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни